И годинава традицијата ќе продолжи. Урбаната заедница Црниче и со неколку активности ќе го одбележи празникот Источен Петок – Балаклија, меѓу народот познат и како Светол или Благ Петок. Чествувањето ќе се реализира во просториите на урбаната заедница Црниче на 10.05.2013 год. (петок), во периодот од 10:00 – 20:00 часот.
Во овој период посетителите ќе можат да присуствуваат на изложба на уметнички слики од авторот Марина Јакшиќ – МАРЈАК, а своите литературни дела ќе ги промовира и авторот Иванка Стојкова. Во рамките на манифестацијата ќе има и поетско читање од книгата “Бисерен свет”.
Манифестацијата ќе се одбележи и со традиционален свечен ручек кај чешмата Св. Петка, со почеток во 12:00 часот.