Search
Close this search box.

Младите ги споделија искуствата за своето учество на локално ниво

Денес, во големата сала на Општина Кисела Вода, се одржа трибина на тема “Младинско учество на локално ниво”. На трибината учество зазедоа г-дин Марјан Стојанчевски, раководител на Секторот за месна самоуправа и за соработка со невладин сектор, г-дин Ѓоко Вукановски – претставник на Волонтерски Центар Скопје и ЕВС волонтерите од Латвија и Холандија, Јанис Сеглинс и Сане Кеулен, кои споделија информации за младинското учество во нивните земји.

Трибината претставува почетен дел од кампањата “За подобро младинско учество СЕГА”, која ќе биде имплементирана во наредните неколку месеци, во соработка со Коалицијата на младински организации СЕГА.

Споделете:

Scroll to Top