Сезонските работници за вршење јавни работи во координација со Одделението за животна средина во општината, во текот на оваа работна седмица изведоа неколку акции за собирање листови и отпадоци од улиците и јавните површини, отстранување на искастрени гранки, чистење на диви депониии и уредување на јавните површини.
Имено, активностите на сезонските работници беа насочени кон чистење, метење, косење и собирање на комунален смет, лисја, гранки и трева во парковите: Паркот кај поштата во населба Драчево, мини-плоштадот во село Драчево, парковите “Македонија”, “Пушкин” и “Шопен”, како и паркот на пензионерите во населбата Драчево. Паралелно се изведуваа активности за собирање на комунален отпад околу сите детски и спортски игралишта и објектите на сите 14 месни и урбани заедници на територија на Општина Кисела Вода. Косење, метење и собирање на отпад и сува трева се изврши на улиците: “Козјак”, “Востаничка”, “Христо Татарчев новопроектирана”, “Христо Татарчев 11”, “Христо Татарчев – Расадник”, “Јустинијан Први”, Булеварите “Борис Трајковски” и “Србија”, улиците “Чедомир Кантарџиев”, “Огњан Прица”, “14-ти Декември”, “Христо Узунов”, “Партение Зографски” и улицата “Христо Татарчев 14 –бабин Дол” при што беа собрани вкупно 10 кубни метри смет. И следната работна седмица, лицата задолжени за вршење јавни работи ќе продолжат со активностите за уредување на јавните површини, согласно предвидениот план и динамика за работа.