Search
Close this search box.

Општина Кисела Вода во повеќе паркови ја обнови урбаната опрема и детските игралишта

Општина Кисела Вода минатата работна недела во повеќе паркови спроведе акција за санација на урбаната опрема и детски игралишта на своја територија.

Санација на постојната урбана опрема, детските игралишта и реквизити извршена е во парковите во Црниче и Пржино, паркот Ѓорги Димитров, како и во паркот Пушкин.

Локалната самоуправа и во наредниот период ќе продолжи со активности за санација/обнова на постојната урбана опрема.

Уште еднаш, апелираме до жителите да ја чуваат обновената урбана опрема и детските игралишта, како би допринеле истите да останат во употреблива состојба.

Воедно, денес на терен, се земаа примероци од јавните чешми на територија на Општина Кисела Вода, за да се утврди дали истите се бактериолошко исправни, како и да се испита квалитетот на водата. Согласно испитувањата кои ќе ги направи Институтот за јавно здравје, кој е овластена и акредитирана институција за испитување на здравствената безбедност на водата, Општина Кисела Вода, ќе ги извести жителите дали некоја од чешмите ќе добие забрана за користење.

Споделете:

Scroll to Top