Search
Close this search box.

Седми мултимедијален хепенинг за децата од Општина Кисела Вода

Мултимедијален хепенинг на отворен простор се одвиваше денес во паркот Македонија.

Општина Кисела Вода, преку Секторот за образование, предучилишно воспитување, спорт и култура,  и годинава ја организира оваа манифестација која има цел да овозможи креативно и забавно дружење меѓу учениците.

Како и секоја година, учество зедоа учениците од сите основни училишта од овој дел на Скопје, заедно со учениците од ДУРДМОВ ,, Димитар Влахов “ и од ПОУ ,, Златан Сремец “. Тие, на слободна тема сликаа, твореа, се забавуваа и се дружеа. Дел од талентираните ученици настапија со музички и музичко-ритмички точки.

 

Мултимедијалниот хепенинг на отворен простор е дел од Програмата за култура, културни манифестации и творештво за 2018 година. Истиот годинава се одржа по седми пат.

Споделете:

Scroll to Top