Search
Close this search box.

Во недела големо ракометно дерби во Кисела Вода

Во недела во спортската сала „Архиепископ Доситеј“ со почеток во 12:30 часот ќе се одлучува дали Кисела Вода ќе има повторно суперлигаш во ракомет.

На натпреварот кој одлучува за влез во СУПЕР лига, силите на теренот ќе ги одмерат ракометните екипи на Металург Јуниор и директниот конкурент за второто место РК Струга.

Имено, во моментов клубот од Кисела Вода е на второто место на табелата и има еден бод предност пред екипата на РК Струга. Со победа Металург Јуниор би останал на втората позиција, место кое води во баражот за влез во СУПЕР лига. Натпреварот е во рамки на претпоследното коло од Првата ракометна лига. Влезот за посетителите е бесплатен.

Споделете:

Scroll to Top