На десеттата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода која се одржа денес, 31 мај 2018 година (четврток), беа усвоени следните точки:
-Усвојување на Записникот од деветтата пленарна седница
1. Давање Согласност на Правилникот за измени и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во Јавната детска градинка ,,Весели Цветови,, на Општина Кисела Вода во Град Скопје;
2.Предлог-Програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на Општина Кисела Вода во 2018 година, со Акционен План за спроведување на активности од Програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на Општина Кисела Вода во 2018 година;
3.Квартални извештаи К1,К2 и К3 за првиот квартал од 2018 година – К1-кваратлен извештај за извршување на Буџетот на Општина Кисела Вода за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2018 година до 31.03.2018 година; -К2-квартален извештај за достасани ненамирени обврски на Општина Кисела Вода, -К3-квартален извештај за промените на состојбата за секое задолжување на општините и јавните претпријатија основани од општините;
4.Предлог-Програма за измена на Програмата (Р) заштита на животната средина и природа на Општина Кисела Вода за 2018 година, Подпрограма (Р10) Заштита на животната средина и природа;
5.Предлог-Правилник за утврдување на постапката и условите за издавање на согласност за прекопи;
6.Предлог-Одлука за утврдување на нормирана цена за градежно земјани работи за изведба на прекопи за подземни инсталации;
7.Советнички прашања