Search
Close this search box.

Градоначалникот Филип Темелковски им додели благодарници на 9 негуватели и 6 образовни асистенти

Денес градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски на повеќе негуватели и наставници им додели благодарници за  успешено реализиран ангажман  во рамките на програмата Општинско- корисна работа 2017. Благодарници добија и директорите на училиштата и градинките вклучени во програмата.

Имено, врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд за 2017  година на Владата на Република Македонија, Општина Кисела Вода преку програмата Општинско – корисна работа, ангажираше 15 невработени лица, од кои 9 негуватели во јавните детски градинки и 6 образовни асистенти во општинските основни училишта, согласно објавениот јавен оглас. Избраните лица беа работно ангажирани во  јавните детски градинки и општинските основни училишта на територија на општина Кисела Вода, за период од шест и девет месеци. Истите имаа можност да се стекнат со практични искуства и вештини за нивно постепено вклучување на пазарот на труд.

Воедно, Општина Кисела Вода веќе трета година успешно го реализира проектот “Се грижиме за најмалите, ги воспитуваме и образуваме”. Истиот изминатите 9 месеци се одвиваше како резултат на Договорот за соработка помеѓу УНДП и Општина Кисела Вода.

Проектот има за цел преку обезбедување на услуги од социјалната сфера да им помогне на  лицата кои се активни баратели на работа во Агенцијата за вработување на Република Македонија.

Носители на активностите на проектот на Општина Кисела Вода се Секторот за локален економски развој и Секторот за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт.

 

 

 

Споделете:

Scroll to Top