-Препознатливи по својата посветеност и грижа за есенцијалните потреби на луѓето и придонесот во промовирањето на меѓусебното разбирање помеѓу Јапонија и другите земи во светот, оваа година фондацијата ITO SUPPORTING COMITY ни ја укажа честа токму нам да ни додели донација за реновирање на нашата сала за приредби и на тој начин да го разубави овој простор во кој заедно ќе ги споделуваме сите радосни настани во нашето училиште, а воедно ќе имаме можност и да го следиме развојот на потенцијалот и талентот на нашите ученици- истакна директорот на ДУРДМОВ “Димитар Влахов’’ Горанчо Јакимовски на почетокот од своето обраќање во реновираната сала на училиштето.
На настанот, свое учество, покрај високите претставници од јапонската фондација ISC и претставници од Министерството за образование, свое учество зедоа и секретарот на Општина Кисела Вода, претседателот на Совет на Општина Кисела Вода и шефот на кабинет од оваа локална самоуправа, кои од страна на директорот Јакимовски добија благодарност за сите досегашни залижби за подобрување на условите и создавање на квалитетна реализација на воспитно-образовниот процес за учениците од ова училиште.
Со извршените градежни зафати, салата за приредби беше целосно реновирана. Истата доби нов под, нова бина, целосно нова електрична инсталација, се изврши варосување, се поставија нови тапацирани столчиња и завеси.
-Ако училиштето во минатото и досега , континурано беше дел од инвестициските планови на државата за подобрување на инфраструктурните услови внатре и однадвор, за обезбедување на соодветни нагледни средства, наставни помагала и реквизити, сега со оваа најнова инвестиција, се овозможува истото да направи крупен чекор напред кон прераснување во еден комплетен центар за образование и рехабилитација на децата и младинците со оштетен вид-потенцираше директорот на ДУРДМОВ Димитар Влахов, нагласувајќи уште еднаш дека фондацијата ITO SUPPORTING COMITY чија основна мисија е поддршка на глобалната заедница, правење на добри дела ширум светот, помагање при катастрофи, несебично давање хуманитарна и медицинска пмош, социјална заштита, заштита на животната средина, образовна помош, е голем пријател на ова училиште и на сите лица со оштетен вид.
-Денеска од срце ви се заблагодарувам што ме примивте во вашата установа и сакам да Ви честитам што успеавте салата да ја направите толку убаво. Воедно ви се заблагодарувам и за денешната програма за организација на денешниот настан. Особена чест ми е што по вторпат оваа година донираме во вашата установа. Пред девет години јас бев тука, кај вас и тогаш пристигна и претседателот на нашата организација. За жал, поради здравствени причини, овојпат нашата претседателка не беше во можност да дојде па ви ги пренесуваме нејзините поздрави за успешно завршениот проект.
Како и сите останати луѓе, така и луѓето што имаат проблем со видот имаат сопствени таленти. Ние разбираме дека тие луѓе имаат потешкотии да се снајдат во средината и се надеваме и посакуваме преку вакви проекти што повеќе да им го олесниме функционирањето, како и развивањето на сопствените таленти-изјави Фиројоши Комода, потпретседател на бордот на директори на фондацијата ITO SUPPORTING COMITY.