Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски денес во својот кабинет оствари работна средба со директорот на Институтот за стандардизација на Република Македонија м-р Џеват Кицара.
Градоначалникот и директорот дискутираа за идната соработка помеѓу двете институции. За таа цел, на крајот од состанокот Темелковски и Кицара потпишаа меморандум за соработка, преку која во периодот што следува ќе се работи на спроведување на активности според европски стандарди и регулативи.
Со ова Општина Кисела Вода станаа нова членка на Собранието на Институтот за стандардизација. Присутни на состанокот беа претседтелот на Советот на Општина Кисела Вода Дарио Шимиќ и секретарот на Општината Александар Алексовски.