Денеска (04.10.2013) во големата сала на Општина Кисела Вода, претставници на ЈП “Службен Весник на Република Македонија” реализираа презентација на тема ”Услугите на ЈП Службен Весник на Р.М. – гарант на Вашата правна сигурност”.
Презентацијата беше наменета за членовите на општинската администрација, во насока на правно информирање за сите законски и подзаконски акти од делокругот на работата на локалната самоуправа, за давање на што поквалитетна услуга кон граѓаните.
Истовремено, претставниците на ова јавно претпријатие извршија презентација на своите услуги и производи за електронските изданија на службениот весник и електронскиот регистар на сите важечки прописи и општи акти.