Search
Close this search box.

Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи Дваесет и осмата пленарна седница

Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи Дваесет и осмата пленарна седница на 30.08.2019 година (петок) со почеток во 12:00 часот, со следниот деневен ред:

 

 

-Усвојување на Записникот од 27-та пленарна седница

1.Годишен извештај за работата на О.О.У.,,Кузман Јосифовски-Питу,, за учебната 2018-2019 година;

2.Годишен извештај за работата на О.О.У.,,Кирил Пејчиновиќ,, за учебната 2018-2019 година;

3.Годишен извештај за работата на О.О.У.,,Партенија Зографски,, за учебната 2018-2019 година;

4.Годишен извештај за работата и постигнатите резултати на О.О.У.,,Невена Георгиева-Дуња,, за учебната 2018-2019 година;

5.Годишен извештај за работата на O.О.У.,,Кузман Шапкарев,, за учебната 2018-2019 година;

6.Годишен извештај за работата на O.О.У.,,Рајко Жинзифов,-н.Драчево Oпштина Кисела Вода, Скопје за учебната 2018-2019 година;

7.Годишен извештај за воспитно-образовната работа на O.О.У.,,Св. Климент Охридски,, с.Драчево, за учебната 2018-2019 година;

8.Годишен извештај за работата на O.О.У.,,Круме Кепески,, за учебната 2018-2019 година;

9.Годишна програма за работа на Општинското основно училиште ,,Кузман Јосифовски –Питу,, за учебната 2019/2020 година;

10.Годишна програма за работа на Општинското основно училиште ,,Кирил Пејчиновиќ,, за учебната 2019/2020 година;

11.Годишна програма за работа на Општинското основно училиште ,,Партенија Зографски,, за учебната 2019/2020 година;

12.Годишна програма за работа на Општинското основно училиште ,,Невена Георгиева-Дуња,, за учебната 2019/2020 година;

13.Годишна програма за работа на Општинското основно училиште ,,Кузман Шапкарев,, за учебната 2019/2020 година;

14.Годишна програма за работа на Општинското основно училиште ,,Рајко Жинзифов,, за учебната 2019/2020 година;

15.Годишна програма  за воспитно образовната работа  на Општинското основно училиште ,,Св. Климент Охридски,, во учебната 2019/2020 година;

16.Годишна програма за работа  на Општинското основно училиште  ,,Круме Кепески,, во учебната 2019/2020 година;

17. Давање согласност на Годишниот план за вработување за 2020 година од Јавна детска градинка ,,8 Март,, на Општина Кисела Вода во Град Скопје;

18.Предлог-Одлука за давање Согласност на Јавната детска градинка “8 Март” на Општина Кисела Вода во град Скопје за работа со поголем број деца од утврдените стандарди и нормативи на Правилникот за стандардите и нормативите за вршење на дејноста на установите за деца ( Службен весник на РМ  бр. 28/14, 40/14, 136/14, 71/15, 170/16 и 151/18);

19.Давање согласност на Годишниот план за вработување за 2020 година од Јавна детска градинка ,,Весели Цветови,, на Општина Кисела Вода во Град Скопје;

20.Предлог-Одлука за давање Согласност на Јавната детска градинка “ Весели Цветови ” на Oпштина Кисела Вода во град Скопје за работа со поголем број деца од утврдените стандарди и нормативи на Правилникот за стандардите и нормативите за вршење на дејноста на установите за деца ( “Службен весник на РМ  бр. 28/14, 40/14, 136/14, 71/15, 170/16 и 151/18);

21.Предлог-Одлука за именување претставници на Општина Кисела Вода во училишните одбори во основните училишта на подрачјето на Општина Кисела Вода;

22.Квартални извештаи К1,К2 и К3 за вториот квартал од 2019 година – К1-кваратлен извештај за извршување на Буџетот на Општина Кисела Вода за  извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2019 година до 30.06.2019 година; -К2-квартален извештај за достасани ненамирени обврски на Општина Кисела Вода, -К3-квартален извештај за промените на состојбата за секое задолжување на општините и јавните претпријатија основани од општините;

23.Предлог-Одлука за ослободување на инвеститор од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за изградба на детска градинка во населба Драчево, Општина Кисела Вода;

24.Предлог-Одлука за критериумите, постапката и начин  за доделување на    огревно дрво на семјства од социјално ранливи категории;

25.Советнички прашањa                                                                  

Седницата ќе се одржи во големата сала за седници во барака бр. 7, Општина Кисела Вода.

Споделете:

Scroll to Top