Search
Close this search box.

Продолжуваат посетите на месните заедници

Градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ со својот тим ги продолжуваат  посетите на месните и урбани заедници во општината. Согласно динамичниот план, вечерва општинското раководство и претставниците на јавните претпријатија од градот Скопје ќе имаат средби со жителите на Пинтија и село Драчево.

Први шанса да ги ислушаат проектите на општината и да дадат свои сугестии за работата на општината, ќе имаат жителите на населбата Пинтија. Состанокот ќе се одржи во просториите на оваа месна заедница, со почеток во 18:30 часот.

Во 20:00 часот пак, раководниот тим од општината Кисела Вода ќе ја посети месната заедница село Драчево. Состанокот ќе се одржи во големата сала на ОУ “Св. Климент Охридски”.

 

Споделете:

Scroll to Top