Search
Close this search box.

Градоначалникот Беличанец – Алексиќ го посети семејството Петрушевски, чиј дом беше опожарен

Градоначалникот на Кисела Вода Билјана Беличанец – Алексиќ, заедно со членови на Советот на Општината и општинската администрација утрово го посети семејството Петрушевски, чиј дом во населбата Цветан Димов, беше зафатен од пожар.  

Според првичните информации причинета е само материјална штета, а се претпоставува дека пожарот избил заради проблеми со електричната инсталација.

Градоначалникот вети еднократна финансиска помош за семејството, при санирање на штетите предизвикани од пожарот од општината, а еднократна парична помош за семејството ќе даде и Советот на општината. Висината на финансиската помош, ќе се дефинира по направениот увид од страна на надлежните органи.

Истовремено, градоначалникот Беличанец – Алексиќ на семејството му понуди помош во физичка сила и технички ресурси, односно по завршувањето на увидот и утврдувањето на причините за пожарот, за расчистување и санирање на штетите на располагање на семејството ќе бидат сезонските работници и механизацијата од општината.  

Споделете:

Scroll to Top