Search
Close this search box.

Почнува есенската дератизација во Кисела Вода

Општина Кисела Вода од понеделник (21.10.2013) ќе започне акција за есенска дератизација на јавните површини на нејзината територија. Со постапката за уништување на  глодарите ќе бидат опфатени сите јавни површини, а во 3226 шахти ќе се постават по два мамци.

Уништувањето на глодарите ќе заврши за две недели, а акцијата ќе ја изведе ЈЗУ “Центар за јавно здравје – Скопје”.

Дератизација на јавните површини во општината Кисела Вода се врши два пати во годината, напролет и наесен.

Споделете:

Scroll to Top