На 42-та седница на советот на општина Кисела Вода која се одржа денеска 01.07.2016 година, беа усвоени следните точки:
-Усвојување на записникот од 42-та пленарна седница на советот
1. Предлог – Правилник за организација, делокругот и начинот на извршување на задачите на општинската администрација на oпштина Кисела Вода;
2.Советнички прашања
Дневниот ред беше дополнет со уште две точки:
– Одлука за изменување и дополнување на одлука за реализација на проектот рехабилитација на коловоз на ул. Сердарот – с. Драчево бр-09-2385/11 од 02.04.2015 година;
– Одлука за отпочнување со работа и вршење на дејноста на новиот објект, „Ѓургица“, на локација на ул. Јабланица бб во населба Пинтија кој ќе функционира во состав на Јавната детска градинка “Весели Цветови“ на општина Кисела Вода во град Скопје;