Search
Close this search box.

И викендов интересна програма на Три Круши

Вечерва ќе имаме единствена можност да уживаме во концертот на музичката група “Академци”  и познатата фолк пејачка Сузана Спасовска.  

  Шестчлената популарна музичка група која ни го разубавува животот со убавата музика и богатиот музички репертоар на  народни песни вечерва за граѓаните на општина Кисела Вода ќе приреди вистинско едночасовно музичко доживување.

Академците се  добитници на голем број награди и имаат реализирани  многу  гостувања и турнеи насекаде по светот.  Академците вечерва ќе настапат  и со единствената Сузана Спасовска  која ја носи и ја популаризира   македонската песна ширум  светот. Со својот настап ќе ни ја развесели душата со својот раскошен вокал , кој никого не го остава рамнодушен. 

Во недела на 13.07.2014  со почеток во 21.00 часот ќе го проследиме заеднички Финалето на Светското првенство во фудбал помеѓу Аргентина и Германија на голем видео бим.

Споделете:

Scroll to Top