Search
Close this search box.

Се гради атмосферска канализација на улиците “Локов” и “Ѓорѓи Димитров” во Кисела Вода

Еден од основните предуслови за квалитетно живеење, особено во урбаните средини е постоењето на добра комунална инфраструктура. Во голем дел во општината Кисела Вода не постои изградена атмосферска канализациона мрежа или постои, но не е со капацитет целосно да ги прифати атмосферските води. Неизграденоста пак на канализационата мрежа ги принудува луѓето да ги испуштат  искористените отпадни води во непосредна близина  на нивните живеалишта, односно во веќе постоечкиот мешан систем на канализација.  Со цел за обезбедување на нормални и квалитетни услови за живот, Општина Кисела Вода во изминатиот период започна интензивни градежни активности за изградба на нови канализациони мрежи.

Конкретно во моментов, екипи на фирмата А.Д. Енергомонт – Скопје, по налог на општината започнаа со изградба на атмосферската канализација по ул.”Локов” и “Ѓорѓи Димитров”. Согласно проектот, предвидено е да се изврши санација на постоечките сливници, а со изградба на нови улични сливници преку проектираните колектори, атмосферските води целосно да се одведат до постоечкиот колектот Ф 700 мм на ул. “Народни Херои”.

Атмосферската мрежа ќе се изгради во должина од околу 840 метри, каде ќе се постават полипропиленски канализациони цевки со различни дијаметри (Ф 300 – Ф 500 мм). Долж трасата на колекторот предвидено е поставување на ревизиони шахти од полипропилен ПП тип 1000.

Овој проект е целосна инвестиција на Општина Кисела Вода, за што од својот буџет издвои околу 7 милиони денари. Градежните работи се очекува да завршат за околу четири месеци.

 

Споделете:

Scroll to Top