Search
Close this search box.

Замена на семафорските контролери на булеварот “Борис Трајковски”

Градот Скопје ги информира граѓаните дека во рамките на проектот за автоматизирано управување на сообраќајот во периодот од 4 до 10 ноември ќе се врши замена на старите семафорски контролери на крстосниците по должината на булеварот Борис Трајковски. 

 

Додека трае замената на старите семафорски контролери може да се наруши координацијата на светлосните сигнали, односно на зелените бранови на булеварот Борис Трајковски и да се појави застој во одвивањето на сообраќајот. Градот Скопје ги замолува учесниците во сообраќајот да покажат разбирање додека трае замената на контролерите и да ги почитуваат светлосните сигнали.

Активностите за замена на старите контролери со нови современи семафорски контролери ги изведува фирмата „SWARCO TRAFFIC SYSTEMS“ од Германија со подизведувачот „ЕЛКОМ КОНСТРАКШН“ од Скопје, во соработка со ЈП „Улици и патишта“ и сообраќајната полиција.

Извор: Град Скопје

Споделете:

Scroll to Top