Search
Close this search box.

Започнаа бесплатните обуки за англиски јазик и информатика

Вчера (01.10.2013) во 5 основни училишта во општината Кисела Вода започна бесплатната обука за  основни познавања од информатика и англиски  јазик  за жителите на општината, без разлика на нивната возраст.

Обуките ги одржуваат наставниците по информатика и по англиски јазик во основните училишта “Св. Климент Охридски”, “Круме Кепески”, “Рајко Жинзифов”,  “Кузман Јосифовски Питу” и “Кирил Пејчиновиќ”.

Бесплатните курсеви официјално започнаа вчеравечер, во 19.00 часот во секое училиште и ќе траат до 16.12.2013 година – понеделник, кога на кандидатите ќе им се доделат сертификатите за успешно завршениот курс.

Интересот кај граѓаните е огромен и за овие обуки се пријавија околу 570 кандидати.

 

Споделете:

Scroll to Top