Официјално пуштена во употреба урбаната заедница “Расадник”

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ, раководителот на секторот за месна самоуправа во општината, Марјан Стојанчевски и претседателот на советот на урбаната заедница “Расадник”, Драган Ласков вчеравечер официјално го пуштија во употреба новиот објект на оваа урбана заедница и реализираа средба со граѓаните од оваа населба.

Урбаната заедница “Расадник” е 15-тата урбана заедница која се организира во Општина Кисела Вода, со која се овозможува демократско и поефикасно исполнување на интересите на граѓаните од овој дел од општината.

Просторијата на урбаната заедница беше премала да ги собере сите граѓани кои сакаа да присуствуваат на средбата со градоначалникот и да слушнат за тековните и идните проекти на општината во овој реон.

Тие изразија задоволство и благодарност за изградбата на детското и спортското кошаркарско игралиште во населбата, а се интересираа и за носењето на новиот детален урбанистички план и поставувањето на подземните контејнери.

Градоначалникот Беличанец – Алексиќ ги информираше жителите дека следен детален урбанистички план кој се подготвува и кој во скоро време ќе биде достапен за граѓаните во форма на предлог-план, ќе биде токму планот за Расадник и најави дека истиот ќе се донесе во дослух со потребите на граѓаните, особено во делот на исполнување на стандардите за зелени површини, детски игралишта и проекцијата, односно ставката на популација на жители на квадратен метар. 

Истовремено, најави дека во соработка со ЈП “Комунална Хигиена” – Скопје во следниот период планираат поставување на подземни контејнери на една локација во оваа населба, а најави и дека во следниот период ќе има акција за отстранување на хаварисаните возила.

“Имајќи во предвид дека станува збор за нова и урбана населба, во следниот период ќе поставиме нова урбана опрема, детски реквизити и чешмички, со што дополнително ќе го облагородиме просторот” – најави градоначалникот Беличанец – Алексиќ.

Отчет за досега сработеното и најава за идните проекти, градоначалникот Беличанец – Алексиќ даде и на жителите на урбаните заедници “Цветан Димов” и “Бирарија”, со кои се сретна вчеравечер. Во големата сала на општината имаше преку 200 граѓани кои ја искористија можноста од прва рака да се информираат за тековните проекти на општината, но и да дадат свои сугестии и предлози за работата на локалната самоуправа во следниот период.

Градоначалникот Беличанец – Алексиќ во своето обраќање направи јасна дистинкција на надлежностите на локалната самоуправа и Градот Скопје, односно јавните претпријатија во состав на Градот и порача дека граѓаните можат да поставуваат прашања кои се во надлежност на градот, на раководителите на подрачните единици од јавните претпријатија кои присуствуваа на средбата.  

Таа ги информираше граѓаните за реализираните проекти во овие две урбани заедници во изминатиот период и им се заблагодари за трпението во текот на изведувањето на акцијата за санација на ударни дупки на сите сервисни улици во овие населби. Истовремено, таа ги информираше граѓаните дека во моментов во фаза на донесување се неколку клучни детални урбанистички планови за овие урбани заедници, а во фаза на реконструкција е и улицата “Томе Арсовски”, која согласно проектот ќе се поплочи со павер елементи, а ќе се постави и нова мрежа со канделабри. Во делот на хигиената, градоначалникот ги информираше граѓаните дека во соработка со ЈП “Комунална Хигиена” – Скопје ќе ги зачести акциите за поставување на контејнери за кабаст отпад, на секои три месеци.

Раководителот на секторот за комунални работи во општината, Мирјана Јорданова, ги информираше присутните за актуелните проекти за партерно уредување на неколку локации во општината, а најави дека во фаза на изработка се и неколку проектни документации за изградба на атмосферска и фекална канализација на неколку сервисни улици во овие населби. Имено, во моментов општината подготвува проектно –техничка документација за реконструкција на атмосферската канализација за улиците “Фредерик Шопен” и “Боро Камчески“. Таа ги најави и проектите за изградба на детско игралиште во близина на средното економско и правно училиште “Васил Антевски – Дрен”, проектот за изградба на тротоари на улицата “Иван Козаров”, а најави и дека ќе се оплемени и дополнително ќе се уреди влезот на општината кај Рампа.

Градоначалникот Беличанец – Алексиќ потенцираше дека општината Кисела Вода интензивно работи на донесување на деталниот урбанистички план за “Цветан Димов – Славија”, со кој ќе се овозможи конечно оплеменување на просторот кај поранешната фабрика за сапун, а ги информираше граѓаните дека во изминатиот период општината реализираше три големи акции за расчистување на дивата депонија околу игралиштето “Вембли” и најави дека во следниот период дополнително ќе ги засили инспекциските контроли за несовесното однесување на граѓаните и фрлањето на шут и отпад на јавни површини.

Во врска со прашањето за зградите на ФИКОМ, раководителот на секторот за урбанизам и просторно планирање, Радмила Шоповска ги информираше граѓаните дека предметот сеуште е во судска постапка и општината нема надлежност за постапување по истиот.

Посетите на месните и урбани заедници, согласно предвидената динамика ќе продолжат во текот на следната работна седмица.

 

Споделете:

Scroll to Top
kolaybet giriş
betgaranti
bettilt
betgaranti
Kolaybet
bettilt
Kolaybet Giriş
Kolaybet
Kolaybet
Kolaybet Giriş
Kolaybet
Hititbet Giriş
betgaranti
hititbet giriş
hititbet giriş
kolaybet
betnano güncel giriş
betnano güncel giriş
betnano güncel giriş
betnano güncel giriş
matbet
matbet
matbet
matbet
betnano
betnano
Tuzla İpek Kirpik
tuzla cilt bakım merkezi
Tuzla Lenf Drenaj
holiganbet
holiganbet
holiganbet
bettilt
grandpashabet
betpark
betgaranti
betgaranti
betpark
holiganbet
hititbet güncel giriş
hititbet mobil giriş
hititbet yeni giriş
holiganbet
holiganbet
holiganbet
betgaranti
BB Marketing
Teknik Seo
hititbet
grandpashabet
betpark
betpark
betgaranti
betpark
artemisbet
artemisbet
norabahis
norabahis
holiganbet
holiganbet
holiganbet
betgaranti
grandpashabet