Search
Close this search box.

Генерална “чистка” во Општина Кисела Вода

Општина Кисела Вода денес се вклучи во националната еколошка акција за расчистување на отпадот од јавните површини, симболично наречена “Македонија без отпад 2013”. Првата ваква голема акција во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање и Граѓанската асоцијација “Ајде Македонија”, како пилот – проект минатата година се реализираше токму во Општина Кисела Вода, а и годинава оваа акција е дел од глобалната акција „Lets’do it! World 2013“, поддржана од Европскиот парламент, во која се вклучени 107 земји во светот.

Во акцијата денеска се вклучија вработените во општинската администрација, сезонските работници, но и граѓаните од сите месни заедници, кои чистеа на три локации: Теферич, трим-патеката и на локалниот пат Хемтекс (Пинтија – Горно Лисиче).

– “Сакаме да испратиме силна порака до граѓаните за развивање на свеста за современото управување со отпадот и потребата да ја превземат одговорноста како загадувачи и активно да се вклучат преку соодветни активности на локално ниво, истакна градоначалникот на Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ.

Во знак на чистата животна средина и развивање на љубовта кон природата на најмалите, градоначалничката Беличанец – Алексиќ заедно со вработените посадија цвекиња и пред детската градинка „Кокиче“.

Во големата акција се вклучија и основните училишта од општината, кои во текот на изминатат работна седмица изведуваа акции за чистење на дворовите, училниците, изведоа акции за собирање на стара хартија, а испишаа и пораки за зачувување на животната средина.

Споделете:

Scroll to Top