Search
Close this search box.

Започна реконструкцијата на улицата “474” во Бирарија

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ денеска присуствуваше на отпочнувањето на градежните работи за реконструкција на улицата “474” во населбата Бирарија. Реконструкцијата ќе опфати целосно гребење на асфалтот со дебелина од 4 центиметри, нивелирање на шахтите и сливниците на улицата и поставување на нов асфалт со дебелина од 7 центиметри.

Градежните работи на оваа сервисна улица во должина од околу 200 метри ги изведува фирмата Бауер БГ од Скопје, а градежните работи се очекува да завршат за околу 10 дена.

Во моментов, Општина Кисела Вода изведува градежни активности за реконструкција и на улицата “Томе Арсовски” во Бирарија, која ќе се поплочи со павер елементи, а ќе се постави и нова линија за улично осветлување.

Споделете:

Scroll to Top