Search
Close this search box.

Градинката “8-ми Март” ќе го реализира проектот “Скопје низ детските очи”

Јавната детска градинка “8-ми Март” од Кисела Вода ќе биде носител на проектот насловен “Скопје низ детските очи”, во чија реализација се вклучени и останатите 17 градинки од територијата на градот Скопје.

За таа цел, на 10.10.2013 година (четврток), со почеток во 10:00 часот на плоштадот “Македонија” ќе се реализира ликовно ателје на кое учество ќе земат по најмалку 10-тина деца од секоја градинка во Скопје, кои заедно со своите воспитувачи, негуватели и случајни минувачи ќе цртаат и творат на тема: “Спомениците на нашиот град”.

На овој проект му претходеа организирани посети на некои од позначајните спомен-обележја, како и новоизградени спомен-куќи и музеи, чија содржина на најавтентичен начин својствен за возраста на децата ги запозна со историското минато на македонскиот народ.

Од реализацијата на ликовното ателје се очекува да произлезат детски ликовни творби, кои ќе бидат дел од наградниот конкурс во организација на Министерството за труд и социјална политика, Министерството за култура и јавните детски градинки од градот Скопје.

Завршниот проект ќе се реализира во месец Ноември, каде по повод празникот на Град Скопје ќе се реализира голема неколкудневна изложба во музејот “Мала Станица”, на која ќе се изврши свечено доделување на наградените творби.

 

 

 

 

Споделете:

Scroll to Top