Хуманитарната коријада 2013, која поради временските неприлики се одложи, ќе се реализира утревечер (02.07.2013) во паркот “Шопен”. Во периодот од 18:00 – 20:00 часот, Активот на жени – пензионери од Кисела Вода во соработка со општината Кисела Вода и волонтерите од Дневниот центар на Црвениот Крст ќе ја организираат традиционалната “Хуманитарна Коријада”, на која присутните граѓани по симболични цени ќе можат да дегустираат дел од вкусните пити, подготвени од вештите раце на жените пензионери од Кисела Вода. Собраните средства ќе бидат наменети за Дневниот центар на Црвениот Крст и за социјално загрозени стари лица од Општина Кисела Вода. Манифестацијата е под покровителство на Општина Кисела Вода.