Search
Close this search box.

Квартетот „Македонска душа“ ја воодушеви публиката на „Три Круши“

Со прекрасниот звук на виолината, тамбурата, кавалот и гајдата, вчеравечер на Културното лето „Три Круши“  премиерно беше презентиран на граѓаните на општина Кисела Вода новиот проект на маестро Зоран Џорлев  „Македонска душа“. Тој заедно со својот кварет ги изведоа едни од најубавите македонски изворни песни, и тоа: „Параходот“ , „Дафино вино“ , „Јовано Јованке“ , „Не си го продавај Кољо“ , итн.

 Бројни аплаузи, позитивни критики од публиката доби одличната Бајса Арифовска, мултиинструменталист, која на публиката на „Три Круши“ им се претстави на повеќе инструменти, почнувајќи од звукот на кавалот, преку тамбурата, гајдата, виолината и клавијатурите.

Во квартетот „Македоска душа“ покрај маестро Зоран Џорлев и Бајса Арифовска, настапија и Ратко Даутовски на удиралки и Наско Џорлев на тамбура.

Вечерва на програмата следува комедијата  „Женско царство“ во изведба на театар „Пампур“ (играат: Шенка Колозва, Гоце Тодорвски, Алексадандар Микиќ и др.) со почеток во 20:30часот.

 

 

.

 

Споделете:

Scroll to Top