Шенка Колозова, Александар Микиќ, Гоце Тодоровски, Марија Новак, Владо Дојчиновски и Дубравка Киселички, вчеравечер на граѓаните на општина Кисела Вода донесоа безброј насмевки на нивните лица. Актерите од театарот „Пампур“ ја изведоа комедијата „Женско царство“ во рамките на Културното лето „Три Круши“.
Актерите беа испратени со громогласен аплауз и позитивни критики од присутните. Посебно се истакна задоволството на лицата кај најмладите посетители на Културното лето „Три Круши“.
Театарот „Пампур“ е формиран пред две години и се прослави со претставите: „Лето во ноември“ , „Посета на младата дама“ , „Итриот и завидливиот“ , „Сказна за рибарот и златната рипка“ , „Али Баба и 40-те разбојници“. Комедијата „Женско царство“ е работена според текстот на бугарскиот автор Стеле Костов, во режија на Шенка Колозова.