Search
Close this search box.

Одбележан месецот на книгата во ОУ „Кирил Пејчиновиќ“

Вчера, (24.10.2013), по повод месецот на книгата се одржа поетско читање во библиотеката на ОУ “Kирил Пејчиновиќ”. На оваа средба учествуваа писателот за деца Наум Попески, директорот на училиштето Тони Илиев, психологот на училиштето, наставници по македонски јазик и литература,  како и претставници од Општина Кисела Вода.

Први настапија учениците – членови на библиотекарската секција, а веднаш по нив и тие од рецитаторската секција. Најмалите ученици ги поздравија присутните со читање на своите лични творби. На крајот од пригодната свеченост, писателот Наум Попески прочита неколку негови омилени песни.

Целиот настан го следеа учениците – членови на новинарската секција.

Споделете:

Scroll to Top