Search
Close this search box.

Продолжуваат посетите на месните заедници

Градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ со својот тим ги продолжуваат  посетите на месните и урбани заедници во општината. Согласно динамичниот план, вечерва општинските претставници ќе имаат средби со жителите на населбите 11-ти Октомври – згради и 11-ти Октомври – бараки.

Први шанса да ги ислушаат проектите на општината и да ги презентираат комуналните проблеми со кои се соочуваат, ќе имаат жителите на населбата 11-ти Октомври – згради, кои во просториите на оваа урбана заедница, со почеток во 18:30 часот ќе можат да присуствуваат на граѓанската средба.

Во 20:00 часот пак, раководниот тим од општината Кисела Вода ќе ја посети урбаната заедница “Никола Кљусев”, во населбата 11-ти Октомври – бараки.

Споделете:

Scroll to Top