Search
Close this search box.

Проектот “Скопје низ детските очи” завршува утре

На 13.11.2013 година (среда) со почеток во 11:30 часот во галеријата „Мала Станица“ во организација на ЈДГ „8-ми Март“ од Општина Кисела Вода и Министерството за труд и социјална политика, а со учество на сите 18 јавни детски градинки од градот Скопје, ќе се реализира завршницата на проектот „Скопје низ детските очи“.

Многу цртежи, ликовни творби во најразлични техники, песни, стихотворби и игри посветени на градот Скопје, ќе бидат најголемата честитка која најмалите жители на Скопје ќе ја упатат по повод роденденот на главниот град.

На манифестацијата, присутните ќе имаат можност да ја погледнат поставената изложба од детски ликовни творби која е отворена за сите посетители, а на крајот ќе бидат доделени награди за најдобрите три цртежи и благодарници за учество на сите останати 213 учесници во овој награден ликовен конкурс. 

Децата цртаа и твореа инспирирани од убавните на Скопје, откако претходно ги посетија плоштадот, музеите, спомениците, мостовите и други знаменитости како главни обележја на богатото историско минато на македонскиот народ и на македонската држава. 

Споделете:

Scroll to Top