Search
Close this search box.

Завршија посетите на месните и урбани заедници во Кисела Вода

Со посетата на месните заедници Стаклара – Каменик и Кисела Вода, вчера градоначалникот Беличанец – Алексиќ и претставниците од општинската администрација го завршија циклусот посети на сите месни и урбани заедници во општината Кисела Вода.

Целта на посетите беше граѓаните на овие населени места изворно да се запознаат со тековните проекти на општината, но и со проектите кои се во план да се реализираат во следниот период.

Градоначалникот Беличанец – Алексиќ во секоја месна заедница во изминатиот двомесечен период, вршеше кратка ретроспектива за завршените работи, кои на претходните состаноци беа дефинирани како приоритети во тоа населено место, а ги слушна и забележа сите нови идеи, предлози и приоритети, кои треба да се најдат во градежната агенда за следниот период.

Општината Кисела Вода е една од ретките скопски општини во кои одлично функционира работата на месната самоуправа, како начин на подемократско и поефикасно исполнување на граѓанските интереси. Управувањето со територијата на општината е организирана преку 15 месни и урбани заедници, а во секоја ваква истурена канцеларија на општината е вработен општински референт, кој е практичен преносител на барањата на граѓаните до општината.

Споделете:

Scroll to Top