Search
Close this search box.

,,Рајко“ – лидер на табелата во мал фудбал

Иако во новата сезона повеќе екипи ја најавија фаворитската улога во лигата во мал фудбал, сепак, по одиграните три кола, квалитетот е на страната на основците од ОУ “Рајко Жинзифов”. На трите средби избраниците на професорот Благоја Кечовски забележаа исто толку победи. Во третото коло во драчевското дерби, ,,Рајко“ го совлада  ,,Шапкарев“ со 3:0.  Во останатите средби се постигнаа следните резултати: ,,Партеније Зографски- Круме Кепески 1:4, Невена Георгиева Дуња – Кирил Пејчиновиќ 2:1.

Во одбојкарката лига, пак, избраничките на Ирена Рикаловска во втората средба ја забележаа втората победа. Овојпат ,,Св.Климент Охридски ја совлада екипата на ,,Партеније Зографски“ со 2:1 по сетови 14:25, 25:21 и 15.10). 

Четвртото предвидено коло од одбојкарката лига се игра утре (05.11. 2013), со почеток во 12.30 минути во спортската сала ,,Независна Македонија“,  а се  среќаваат: К. Кепески – Н.Г. Дуња, Р. Жинзифов – Св.К. Охридски, К. Шапкарев – К.Ј. Питу. Средбата П. Зографски – К. Пејчиновиќ е одложена по барање на ,,просветителите“, а ќе се одигра во дополнителен термин во текот на идната недела. Инаку, денеска со почеток во 12.30 часот во спортската сала ,,Независна Македонија“  се играат две  одложени средби од кошаркарската лига.

Интересно е дека и во оваа сезона натпреварите во училишниот спорт  изобилуваат со голема посетеност, а гледачите можат да уживаат во велемајсторските потези на талентите. 

Споделете:

Scroll to Top