Врз основа на член 57 и член 106 став 3, а во врска со членовите 143 до 148 од Статутот на Општина Кисела Вода (“Службен гласник на град Скопје” бр.08/05 и “Службен весник на Општина Кисела Вода” бр.13/06), член 50 од Законот за Локална Самоуправа (“Службен весник на Р.М” бр.5/2002) и членовите 29 дo 40 од Правилата за работа на урбаните и месните заедници во Општина Кисела Вода (“Службен гласник на Општина Кисела Вода” бр.08/2007), Градоначалникот на Општина Кисела Вода донесе Решение за распишување на избор на членови на Совет на УЗ “Црниче” под бр.19-633 од 04.12.2013 год.
Поради погоре наведеното Општина Кисела Вода преку Секторот за Месна самоуправа и соработка со општествени организации ги информира граѓаните на Урбана заедница “Црниче” дека на ден 12.12.2013 година (четврток) со почеток во 20:00 часот во просториите на Урбана заедница Црниче ќе се одржи Собир на граѓани, полнолетни жители на УЗ “Црниче” за избор на членови и Претседател на Совет на УЗ “Црниче” при Општина Кисела Вода.