Search
Close this search box.

Се случи “Веселата Згода”

Општината Кисела Вода го одржува приматот на најдинамична општина во поглед на организација на културни манифестации. Организирањето на спектакуларниот пречек на новогодишната вечер, во паркот “Македонија” резултираше со одлична забава, многу музика, весели и насмеани лица и безброј шеги и досетки.

Новогодишната забава започна во 14:00 часот со детска програма и активности во организација на општината и училиштата. 
Официјалната вечерна програма започна во 20:30 часот со собирање на граѓаните во паркот “Македонија” и изведувањето на “хитовите кои се паметат” од страна на ѕвездите на македонската поп и фолк естрада. Публиката ја анимираше македонскиот актер и шоумен Сашко Коцев, кој ги најави настапите на Мики Јовановски – Џафер со бендот, Ристо Самарџиев, Бени Шаќири, Тамара Тодевска, Верица Пандиловска, групата Академци и неповторливиот Миле Кузмановски.
Граѓаните можеа да уживаат во убава македонска музика, прекрасна сценографија и визулени ефекти, а сето тоа да го надополнат со купување на храна и пијалок по симболични цени.
Одбројувањето на последните секунди старата година го направија Сашко Коцев, Миле Кузмановски, Верица Пандиловска и групата “Академци” со изведувањето на песната „За многу години Македонци“.
Кулминацијата се случи со прекрасниот огномет кој ја осветли населбата Кисела Вода и го одбележа влегувањето во новата 2013 година.

 

Споделете:

Scroll to Top