Почнувајќи од денеска (05.11.2026) па се до недела (08.11.2026), љубителите на спортот во општина Кисела Вода, ќе имаат можност во спортските сали „Независна Македонија“и „Архиепископ Доситеј“ бесплатно да гледаат натпреварувања во ракомет, кошарка, одбојка и Бразилско џиу-џицу.Спортските клубови од Кисела Вода: ЖОК Јанта Волеј, ЖКК Бадел 1862, ЖОК Фламинго, КК Ангели, ЖРК Спартак и ЖРК Атлетик ќе играат на домашен терен.Сите заинтересирани, натпреварите ќе може да ги проследат во следниве термини:
Спортска сала „Архиепископ Доситеј“, лоцирана во дворот на ООУ „Круме Кепески“
05.11.2026
16:30Сениорки ЖРК Атлетик – ЖРК Спартак
07.11.2026
09:00 до 17:00Јуниор куп турнир ,,Ракомет за секое дете”
08.11.2026
08:00Бразилско џиу-џицу
Спортска сала „Независна Македонија“, лоцирана во дворот на ООУ „Невена Георгиева-Дуња“
07.11.2026
14:30ЖКК Бадел – ЖКК Крива Паланка
17:30ЖОК Јанта Волеј – ЖОК Фит фан
20:00Сениорки ЖОК Фламинго – ЖОК Струмица
08.11.2026
10:00 М16КК Ангели – КК Иба Скопје
12:00М18КК Ангели – КК Гевгелија
14:00М18КК Ангели – КК Љуботен
16:00М20КК Ангели – КК Велес
18:30КК Бадел – КК Спорт тим Неготино

