Градоначалникот Беличанец-Алексиќ и Мајорот Џефри Ван Сикл во реновираното ООУ “Кузман Шапкарев”

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ, шефот на канцеларијата за меѓуармиска соработка при Амбасадата на САД, Мајор Џефри Ван Сикл и директорот на основното училиште “Кузман Шапкарев”, Весна Настоска, денес ја пресекоа лентата и го означија завршетокот на реновирањето на основното училиште “Кузман Шапкарев” во населба Драчево.

 

 Меморандумот за соработка со УСАИД, општина Кисела Вода, преку Секторот за локален економски развој, го потпиша летово и со него беа создадени поквалитетни услови за одвивање на наставниот процес за сите 660 ученици.

-За обновата на објектот, УСАИД  обезбеди 1 200 000 денари, а општината дополнително учествуваше со 10% од оваа сума. Со овие средства, дел од училишниот објект доби нова електрична инсталација и електро опрема.  Интервенциите во електричната инсталација се изведуваа по проект, за кој финансиските средства ги обезбеди училиштето. Успешната соработка на овој проект, преку бројни работилници и други активности значи и чекор напред во унапредување на образовниот процес, од аспект на вреднување на неговиот мултикултурен и мултиетнички карактер-истакна градоначалник на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ.

Упатувајќи голема и срдечна благодарност до мисијата на УСАИД и на Европската Команда на Американската Војска (ЕУКОМ) за несебичната поддршка која ја даваат во насока на создавање на поволна средина за одвивање на современ воспитно-образовен процес, таа подвлече дека се надева дека оваа успешна соработка ќе продолжи и понатаму.

Шефот на канцеларијата за меѓуармиска соработка при Амбасадата на САД, Мајор Џефри Ван Сикл истакна дека досега, преку овој Проект на УСАИД им е помогнато на 35 заедници во нивните напори да ги подобрат училишните објекти, а наредната година ќе им се помогне на уште 13 други.

-Впечатливо е она што можеме да го постигнеме кога работиме заедно. Всушност, мотото на Европската команда е “Заедно посилни”. Мислам дека ова мото е особено погодно кога го славиме  реновирањето на вашето училиште и вашето учество во овој важен проект. Обезбедувањето на помош на народот на Република Македонија преку овие  програми е еден од начините за јакнење на нашиот однос со вас, а заедничката работа има цел да ја поттикне меѓуетничката интеграција во вашата заедница но и низ целата земја. Ние сме посветени да им помагаме на граѓаните на Република Македонија и сме горди на долготрајно партнерство помеѓу Соединетите Американски Држави и Република Македонија. Вашето училиште сега има интегриран тим, обучен за концептите за меѓуетничка интеграција во образованието и вие сте воспоставиле партнерство со училиште со албански наставен јазик ООУ “Наим Фрашери” од Студеничани, со кое ќе споделувате многубројни заеднички активности, вклучувајќи ги учениците, наставниците и родителите -наведе Мајор Џефри Ван Сикл во своето излагање пред присутните.

Нагласувајќи ја повеќезначноста на придобивките од проектот, директорот на училиштето Весна Настоска истакна:

-Реновирањето е само еден стимул за ние да работиме континуирано кон создавање на добри можности за учениците од различна етничка припадност, да можат да комуницираат и со тоа да се создаде интегрирана околина.

Настанот беше заокружен со разгледување на реновираниот објект и презентацијата на сработеното од страна на учениците од  двете училишта-и од ООУ “Кузман Шапкарев” од Драчево и од ООУ “Наим Фрашери” од Студеничани.

Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието е четиригодишна иницијатива , вредна 5.2 милиони долари, која соработува со сите релевантни образовни институции, поддржувајќи ги напорите на Владата на Република Македонија во процесот на етничко интегрирање.

 

Споделете:

Scroll to Top
hititbet
Betgaranti
betgaranti
kolaybet
hititbet
hititbet güncel giriş
hititbet
vdcasino
vdcasino
hititbet
Hititbet Giriş
hititbet
hititbet
hititbet
tuzla cilt bakım
Tuzla İpek Kirpik
Tuzla Güzellik Merkezi
hititbet
hititbet giriş
hititbet güncel giriş
hititbet giriş adresi 2026
Tuzla Cilt Bakım
Tuzla Cilt Bakım
Tuzla Cilt Bakım Merkezi
Tuzla İpek Kirpik
kralbet
betnano
betnano
betnano
kralbet
kralbet
kralbet
setrabet
setrabet
kralbet
hititbet
hititbet
Tuzla Lenf Drenaj
Tuzla Cilt Bakım Merkezleri
Tuzla Kirpik
Tuzla Cilt Bakım
Tuzla Cilt Bakım Merkezi
betgaranti
kolaybet
betgaranti
xslot
xslot
hititbet
betnano
betnano
kralbet
kralbet
betpark
betpark
betpark
betgaranti
betpark
Sosyal Medya Yönetim
Hititbet
xslot
xslot
xslot
kralbet
betnano
kralbet
Hititbet App