По повод 50 годишниот јубилеј на Општина Карпош, вчера спортски екипи од Карпош, Кисела Вода, Аеродром и Гази Баба играа мал фудбал и кошарка.
Во спортската сала „Партизан“, кошаркарите од
Кисела Вода убедливо ја победија Гази Баба со резултат 44:33, а екипата од Аеродром го совлада Карпош со 44:41.
На фудбалскиот терен во ООУ „Христијан Тодоровски -Карпош“, на полуфиналните натпревари Карпош ја совлада Кисела Вода со 6:1, а и Аеродромци со Гази Баба одигра со идентичен резултат 6:1.
Финалните натпревари почнуваат денеска (28.10.2026) од 11:00 часот.
За првото место во кошарка, силите на теренот ќе ги одмерат екипите од Кисела Вода и Аеродром, а за третото место ќе се надигруваат Карпош и Гази Баба.
На натпреварот во мал фудбал, младите спортисти од општините Кисела Вода и Гази Баба ќе се натпреваруваат за третото место, додека за прво место ќе се борат екипите на Карпош и Аеродром.



