Општина Кисела Вода и Град Скопје со значаен заеднички проект: Се пробива улицата „Димо Хаџи Димов“

Советниците на денешната седница на Советот на Општина Кисела Вода едногласно дадоа поддршка за иницијативата за меѓуопштинска соработка со Град Скопје, со што се овозможува пробивање на улицата „Димо Хаџи Димов“ како значаен чекор во насока на решавање на долгогодишниот проблем со застојот на возилата во овој дел од општината. Овој проект ја потврдува важноста на заедничкото дејствување меѓу Општината и Градот Скопје, што е клучно кога станува збор за реализација на големи проекти од суштинско значење за инфраструктурата.
Проектот предвидува поврзување на „Димо Хаџи Димов“ со кружниот тек пред „Припор“. Со воспоставување на оваа нова сообраќајна врска, значително ќе се растерети сообраќајниот притисок во овој дел од градот, овозможувајќи побрзо и побезбедно движење на возилата, како и намалување на времето на чекање на семафорите кај крстосницата со улицата „Христо Татарчев“, кај бензиската станица „Мечкаров“.
-Со пробивањето на улицата „Димо Хаџи Димов“ и поврзувањето со кружниот тек кај Припор, директно се решава еден од клучните сообраќајни проблеми во овој реон. Соработката со Град Скопје е од суштинско значење кога работиме на вака големи и значајни инфраструктурни зафати кои го олеснуваат секојдневното движење на жителите во нашата општина. Наскоро овозможуваме почеток на реализацијата на овој проект и на терен, со што покажуваме дека сме целосно фокусирани на реални решенија кои значат подобра и пофункционална Кисела Вода-посочи градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска

Споделете:

Scroll to Top
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
Hititbet
Betgaranti
grandpashabet
grandpashabet
grandpashabet
grandpashabet
Betgaranti Giriş
ultrabet
betgaranti
betgaranti
betgaranti
betgaranti
betgaranti
betgaranti
betgaranti
jojobet
jojobet
marsbahis
Betgaranti
Betgaranti Güncel Giriş
Betgaranti
Betpark
Betpark
Betgaranti
Betpark
Betgaranti Giriş
betgaranti
betgaranti
Betgaranti
betgaranti