Дерби средбата меѓу екипите на основните училишта Круме Кепески и Кузман Шапкарев само ја потврди прогнозата дека овие две екипи до крајот на сезоната ќе се борат за шампионската титула. Интересно е дека избраниците на тренерот Драгољуб Ѓорѓевиќ на полувремето имаа предност од 4:1, но сепак на крајот од средбата, со пресврт славеа домаќините со 5:4. Во второто коло Кузман Шапкарев со 4:0 славеше над Партенија Зографски, додека избраниците на тренерот Игор Зафировски го претрпеа првиот пораз од Рајко Жинзифов со 3:1.
-Драчевци заслужено триумфираа. Имавем неколку шанси да го израмниме резултатот но напаѓачите беа непрецизни. За поразот придонесе и отсуството на тројца наши првотимци кои денеска не играа поради повреди заработени во своите клубови Вардар и Работнички. – истакна тренерот на К.Кепески , Игор зафировски.
Во досегашниот тек на сезоната се истакнува хомогената екипа на Кузман Јосифовски Питу, која има максимален учинок од две победи во две средби.
Конечни резултати (прво коло): Н.Г.Дуња – К.Ј.Питу 1:2, К.Шапкарев – К.Кепески 4:5, П.Зографски – Р.Жинзифов 1:7, Св.К.Охридски – К.Пејчиновиќ 4:3.
Конечни резултати (второ коло): К.Ј.Питу – К.Пејчиновиќ 4:0, Св.К.Охридски-Н.Г.Дуња 0:2, К.Кепески – Р.Жинзифов 1:3, К.Шапкарев – П.Зографски 4:0.