Search
Close this search box.

Меѓународен Конкурс Расадник од 15.03-29.09. 2023 година

 

Резултати од меѓународниот конкурс Расадник 

 

Меѓународен конкурс Расадник (15.03.2023 – 29.09.2023)

Број 04423/2023 од 15.03.2023 год.

 

 

Почитувани сограѓани,
Почитувани архитекти и планери,

Транспарентната и одговорна работа на Општина Кисела Вода, дефинирана како еден од нејзините стратешки приоритети, во изминатиот период овозможи нов концепт на функционирање на оваа локална самоуправа.
Како еден одличен пример на претходно кажаното е направениот чекор во насока на транспарентното донесување на Урбанистичките планови, кој подразбира вклученост на граѓаните и стручната јавност.
Распишаниот Меѓународен конкурс за идејниот лик на градската четврт Ј14, попозната кај нашите граѓани како ДУП Расадник, е своевидна револуција во урбанистичко-архитектонското делување во Македонија бидејќи овозможува одговорно, стручно и хумано планирање на ликот на оваа урбана заедница.
Иако посакуваните решенија, не ги добивме во првиот обид, поради тоа што и покрај големата заинтересираност, имаше недоволен број на пријави и конкурсот мораше да се поништи, сепак Општина Кисела Вода не се обесхрабри во намерата Расадник да биде пристојно и хумано место за живот.
Оттука, жири комисијата веднаш по завршување на Конкурсот направи опсежна анализа за причините за недоволниот број на пријавени апликации. Во изминатиов период се одржаа состаноци со Архитектонскиот Факултет,
Комората на Архитекти и Асоцијацијата на Архитекти на Македонија и се направија анкети на сите заинтересирани потенцијални апликанти, по што мешовитата работна група од трите институции и Општината ги вклучи во конкурсната документација насоките добиени од факултетот и професионалната заедница.
Олеснет процес за конкурирање, со новиот дополнет текст, имаат и студентите кои можат да конкурираат без проектантско биро, а дополнително сите конкурсни документи сега ќе може да се стават на електронски медиум (CD,USB, итн) и во затворен коверт со другата документација
по брза пошта да се достави до општината.Ова значително финансиски им помага на странските учесници и беше дел од нивните барања.
Дополнителниот рок беше предвиден да трае четири месеци, односно до 03.07.2023. Сепак, до Општина Кисела Вода од архитектонската заедница и од Македонија, но и од повеќе земји од светот, пристигнаа повеќе забелешки во однос на кусиот рок и неможоста да се учествува на Меѓународниот конкурс
поради немање доволно време за подготовка на архитектонско-урбанистичко решение. Со оглед на желбата на Општина Кисела Вода, за обезбедување квалитетно, одржливо, хумано, здраво живеење и заштита на животната средина за жителите на Расадник, оваа локална самоуправа одлучи да излезе во пресрет
на барањата на стручната заедница и да понуди нов рок до кој се очекуваат идејните решенија за ДУП-от за Расадник.
Имено, Меѓународниот конкурс ќе биде отворен се до 29.09.2023 година. Истиот е јавно достапен на веб страната на Бирото за јавни набавки, како и на линкот:

https://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/component/content/article/8-soodrzina/3559-33333

 

Сочинет е од два дела и осум прилози. Првиот дел се програмските насоки кои треба да им бидат смерница на учесниците на Меѓународниот конкурс за изработка на идејното решение за Расадник, додека вториот дел е конкурсната документација и прилозите кон истата.

Сите евентуални дополнителни прашања може да се поставуваат и нае-маил адреса : competition.rasadnik@kiselavoda.gov.mk.
Интересно е дека распишувањето се поклопува со 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, после кој решение за новиот лик на главниот град се бараше токму преку Меѓународен конкурс. УН која во далечната 1964/65 со декларација ја презела обврската за реконструкција на Скопје,
односно објавувањето на конкурсот за обнова на Скопје, ги препозна и поздрави нашите заложби за иновативни решенија во насока на креирање на услови за хумано и квалитетно живеење во Расадник. Оттука, оваа организација во рамките на проектот со кој ќе се одбележи јубилејот од земјотресот,
ќе даде стручна поддршка и ќе го промовира Меѓунaродниот конкурс за Расадник преку своите меѓународни канцеларии, а ќе обезбеди и можност за зголемена транспарентност преку вклучување на набљудувачи во целиот процес.

Уште еднаш потсетувам на наградите во износ од 15000, 8000 и 3000 евра за прво, второ и треторангираниот, како и за двата откупа во износ од по 2000 евра, за кои ќе одлучува 9-члена меѓународна стручна жири комисија во која се вклучени и граѓаните преку Партиципативното тело за урбанизам на Општина Кисела Вода.
Јас, како градоначалник, како и досега, нема да се мешам во одлуките и ќе ги почитувам решенијата кои ќе бидат одбрани, на тој начин обезбедувајќи целосна независност и валидност на процесот.

Сакам да ги охрабрам ситедомашни и меѓународни стручњаци од областа на архитектонско-урбанистичкото планирање, сите оние кои во овој проект препознаваатпредизвик за работа и професионален развој, да ни ги испратат своите идејни решенија за Меѓународниот конкурс за идејниот лик на Расадник. Се надевам дека
заеднички ќе овозможиме квалитетно, одржливо, хумано, здраво живеење и заштита на животната средина за жителите на Кисела Вода, кои пак, треба и мора да бидат императив во работата на секоја свесна и совесна локална самоуправа.

 

Со почит,

Орце Ѓорѓиевски,

Градоначалник на Општина Кисела Вода

 

 

 


 

International competition Rasadnik (15.03.2023 – 29.09.2023)

                                                                                                           Numb.  04423/2023  – 15.03.2023

 

Respected citizens, Respected architects and planners,

The transparent and responsible work of the Municipality of Kisela Voda, defined as one of its strategic priorities, in the past period enabled a new concept of functioning of this local self-government.

As an excellent example of what was said before is the step taken in the direction of the transparent adoption of Urban Plans, which implies the involvement of citizens and the professional public.

The announced International Competition for the conceptual image of the city quarter J14, better known to our citizens as DUP Rasadnik, is a kind of revolution in the urban-architectural activity in Macedonia because it enables responsible, professional and humane planning of the image of this urban community.

Although we did not get the desired solutions in the first attempt, due to the fact that, despite the great interest, there was an insufficient number of applications and the competition had to be canceled, the Municipality of Kisela Voda did discouraged  in intention to make Rasadnik a decent and humane place to live.

Hence, immediately after the end of the competition, the jury committee made an extensive analysis of the reasons for the insufficient number of registered applications. In the past period, meetings were held with the Faculty of Architecture, the Chamber of Architects and the Association of Architects of Macedonia and surveys were made of all interested potential applicants, after which the mixed working group from the three institutions and the Municipality included in the competition documentation the directions  received from the faculty and the professional community.

Students who can apply without a design office have an easier competing process, with the new added text, and in addition, all competition documents can now be placed on an electronic medium (CD, USB, etc.) and in a closed envelope with the other documentation by quickmail to be delivered to the municipality. This significantly helps the foreign participants financially and was part of their demands.

The new International Nursery Competition opens today and in the next four months, it will be a challenge for all those who will offer innovative solutions that will ensure quality, sustainable, humane, healthy living and environmental protection for the residents of Kisela Voda.

From today 15.03.2022 until 29.09.2023, it is publicly available on the website of the Bureau of Public Procurement, as well as at the link:

https://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/component/content/article/8-soodrzina/3559-33333

 It consists of two parts and eight appendices. The first part is the program guidelines that should be a guide for the participants of the International Competition for the development of the conceptual solution for the Rasadnik, while the second part is the competition documentation and the attachments to it.

All possible additional questions can also be asked to an e-mail address : competition.rasadnik@kiselavoda.gov.mk.

It is interesting that the announcement coincides with the 60-th anniversary of the catastrophic earthquake in Skopje, after which a solution for the new face of the capital was sought through an international competition.The UN, which in the distant 1964/65 took the responsibility for the reconstruction of Skopje with a declaration, i.e. the announcement of the competition for the reconstruction of Skopje, recognized and welcomed our commitment to innovative solutions in the direction of creating conditions for humane and quality living in Rasadnik. Therefore, this organization, within the framework of the project that will mark the anniversary of the earthquake, will provide professional support and promote the International  CompetitionRasadnik through its international offices, and will also provide an opportunity for increased transparency through the inclusion of observers in the entire process.

Once again, I remind you of the prizes in the amount of 15,000, 8,000 and 3,000 euros for the first, second and third ranked, as well as for the two redemptions in the amount of 2,000 euros each, which will be decided by a 9-member international expert jury committee, which also includes citizensthrough the Participatory Body for Urban Planning of Kisela Voda Municipality.I, as the mayor, as before, will not interfere in the decisions and will respect the decisions that will be chosen, thus ensuring the complete independence and validity of the process.

I want to encourage all domestic and international experts in the field of architectural-urban planning, all those who in this project recognize a challenge for work and professional development, to send us their conceptual solutions for the International Contest for the conceptual image of Rasadnik.I hope that together we will enable quality, sustainable, humane, healthy living and environmental protection for the residents of Kisela Voda, which, in turn, should and must be imperative in the work of every conscious and conscientious local government.

 

With respect,

OrceGjorgjievski

Mayor of Kisela Voda Municipality

 

Споделете:

Scroll to Top