Search
Close this search box.

“Отворени денови со катастарот” за жителите на Кисела Вода

Општина Кисела Вода ги известува граѓаните дека Агенцијата за катастар на недвижности, традиционално седма година по ред ќе организира работни средби на стручните тимови од Агенцијата со граѓаните, со цел предочување и надминување на проблемите од областа на катастарот.

За граѓаните од општината Кисела Вода, работни средби ќе се одржат на 11.11.2013 година (понеделник) и 12.11.2013 година (вторник) во просториите на Центарот за катастар на недвижности – Скопје, ул. Дрезденска бб (кај Педагошката академија), со однапред закажан термин преку телефоните:   02/3097-300 и 02/3097-337, секој работен ден од 10:00 до 15:00 часот.

Работните средби во закажаните термини ќе се одржат во периодот од 09:00 до 18:00 часот.

Споделете:

Scroll to Top