Уште еден прекрасен концерт од Културното лето на Кисела Вода се одржа синоќа на Три Круши во Драчево.
Многубројната публика уживаше во фолк хитовите, маестрално изведени од бардовите на македонската народна музика, Сузана Спасовска и Миле Кузмановски. Ним им претходеше концерт на КУД Китка, фолклорниот ансамбл кој е препознатлив белег на Драчево, но и на цела општина Кисела Вода. Настанот се затвори со голем огномет, а аплаузите не престануваа уште долго потоа.
Културното лето продолжува и денес во паркот пред салата Расадник. Од 10 часот започна настан посветен на децата-Игри без граници, дополнет со Маша и Медо, аниматори, забавувачи, детски хорчиња, зумба во природа… Од 21 часот повторно во Расадник, најавуваме одлична забава, најпрво со Жаре Бербер и Галама Бенд, а потоа од 22 часот следува голем концерт на балканската ѕвезда Петар Грашо. Ги покануваме сите да бидат дел од Бескајната приказна за Кисела Вода која станува се’ подобра!