Вечерната настава за лицата кои поради определени причини го прекинале образованието или воопшто не се образувале започна на 1 септември. Часовите се изведуваат во ООУ “Рајко Жинзифов“ во населба Драчево, наставата и потребните книги за посетителите се комплетно бесплатни.
Наставата е организирана преку секторот за локален економски развој од Општина Кисела Вода во соработка со Основното Училиште за возрасни “Антон Семјонович-Макаренко”.
Часовите ги посетуваат 30 посетители кои се распоредни во 3 одделенија креирани според нивното предзнаење. Највозрасната посетителка на вечерната наставата родена е 1973 година.
Уписите за оформување на образовните групи, во моментов сеуште се во тек. Лицата кои се заинтересирани за дооформување на образованието е потребно до Основното Училиште за возрасни “Антон Семјонович-Макаренко”, до општина Кисела Вода или до месните заедници на ниво на општината, да достават извод од матична книга на родените, лична карта, свидетелство за последно завршено одделение, а за лицата помлади од 15 години е потребно мислење од стручно лице.