Search
Close this search box.

Советот на општина Кисела Вода ќе ја одржи 5 -та пленарна седница

Ве известуваме дека Петтата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода ќе се одржи на 10.07.2013 година (среда) sо почеток во 11,00 часот со следниот дневен ред:

 -Усвојување на Записникот од Третата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода

1.Годишен извештај за работата на О.У.,,Кузман Јосифовски-Питу,, во учебната 2012-2013 година;

2.Годишен извештај за работата на О.У.,,Кирил Пејчиновиќ,, во учебната 2012-2013 година;

3.Годишен извештај за работата на О.У.,,Партенија Зографски,, во учебната 2012-2013 година;

4.Годишен извештај за работата на О.У.,,Невена Георгиева-Дуња,, во учебната 2012-2013 година;

5.Годишен извештај за работата на О.У.,,Кузман Шапкарев,, во учебната 2012-2013 година;

6.Годишен извештај за работата на Ц.О.У.,,Рајко Жинзифов,, во учебната 2012-2013 година;

7.Годишен извештај за воспитно-образовната работа на О.У.,,Св. Климент Охридски,, за учебната 2012-2013 година;

8.Годишен извештај за работата на О.У.,,Круме Кепески,, во учебната 2012-2013 година;

9.Годишен извештај за работењето на Центарот за развој на Скопскиот плански регион за 2012 година;

10.Предлог-Одлука за комунален ред и мерки за нејзино извршување;

11.Предлог-Програма за дополнување на Програмата Ј -Комунални дејности на Општина Кисела Вода за 2013 година Подпрограма Ј40 – Јавна чистота;

12.Предлог-Одлука за утврдување правен статус на бесправни објекти за кое не може да се изврши вклопување на објекти во урбанистичко-планска документација ДУП ,,Пржино,,1;

13. Предлог-Одлука за утврдување правен статус на бесправни објекти за кое не може да се изврши вклопување на објекти во урбанистичко-планска документација ДУП – Цветан Димов 2;

14. Предлог-Правилник за условите, начинот и постапката на давање на користење на термини во спортските сали ,,Независна Македонија,, и ,,Архиепископ Доситеј,, при Општина Кисела Вода;

15.Предлог-Одлука  за формирање и избор  на членови на Советот на потрошувачи;

16.Предлог-Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Кисела Вода за 2013 година;

17.Советнички прашања.

Споделете:

Scroll to Top