Ново музичко доживување ќе донесе овонеделното издание на културната манифестација “Бранувано културно Три круши 2013-то лето”. Имено, во петок (19.07.2013) на верско – рекреативниот центар “Три круши”, со почеток во 21:00 часот тамбурашката група ,,Гезме” ќе одржи целовечерен концерт.
Во сабота пак, ќе се одржат два културни настани. По петти пат ќе се одржи детскиот фестивал “Три круши” на кој ќе се претстават ученици од осумте основни училишта во општината, а забавата ќе продолжи со детската театарска претстава “Македонска приказна” во изведба на Театарот за деца и младинци. Овие два настани ќе се реализираат на верско – рекреативниот центар “Три круши”, со почеток во 19:00 часот.
Влезот за граѓаните е слободен.