Search
Close this search box.

“Ден на музиката на Шопен” во Кисела Вода

Утре (29.09.2013) во паркот “Шопен” (во близина на ОУ “Невена Георгиева – Дуња”), со почеток во 17:00 часот, во организација на општината Кисела Вода ќе се одржи културниот настан “Ден на музиката на Шопен”. Граѓаните ќе можат да уживаат во звуците на вонвременската Шопенова музика за пијано, која е комбинација од уникатен ритмички осет. За целосно доживување на неговата музика, ќе се погрижи професорот во МБУЦ “Илија Николовски – Луј”, г-ѓа Даница Стојанова и нејзините студенти, кои ќе одржат целовечерен концерт на отворена сцена.

Настанот се совпаѓа со тригодишнината од пуштањето во употреба на паркот “Шопен”, кој Општина Кисела Вода го изгради во соработка со Амбасадата на Република Полска во Република Македонија. Истовремено, Општина Кисела Вода е единствена општина во Република Македонија, која има чест една од улиците на нејзината територија да е именувана по овој светски музичар.

На настанот ќе присуствуваат градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ и претставници на Амбасадата на Република Полска во Република Македонија.

 

Споделете:

Scroll to Top