Search
Close this search box.

Продолжуваат акциите за чистење на јавните површини

По успешно изведената акција за чистење на трим-патеката во должина од 2,5 километри, која се организираше на иницијатива на градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ, а во реализација на сезонските работници и Одделението за животна средина во општината, еколошките активности продолжуваат со уште позасилена динамика. Имено, по детектирањето на неколкуте микролокации (црни точки), општинските служби започнаа нова акција за чистење на дивите депонии и јавните површини во и околу јавните објекти. Оваа работна седмица согласно динамиката и планот за работа на сезонските работници, се чистеа јавните површини околу Центарот за зависници во Кисела Вода, парковите, основните училишта, влезот на населбата Драчево, булеварот “Борис Трајковски”, а се кастреа и гранки на неколку локации во општината.

Општина Кисела Вода ги охрабрува и апелира до граѓаните кои детектирале диви депонии на територијата на општината, веднаш да ги пријават до надлежните служби. Истовремено, доколку се регистрира одредено девијантно однесување и фрлање смет на јавна површина, граѓаните без двоумење да ја информираат општинската инспекција, односно комуналните редари.

Споделете:

Scroll to Top