Search
Close this search box.

Градот Скопје ќе додели садници на урбани и месни заедници и куќни совети

Градот Скопје ја продолжува традиционалната есенска акција за доделување садници на сите заинтересирани куќни совети и урбани месни заедници, на коишто  ќе додели 3 000 дрвца (листопадни и зимзелени) од ЈП „Паркови и зеленило“. Садниците коишто ќе ги додели Градот Скопје  ќе бидат стручно засадени од вработени лица во ЈП „Паркови и зеленило“.

Заинтересираните куќни совети и месни/урбани заедници треба да поднесат барање за доделување садници до Секторот за комунални работи на Град Скопје, булевар Илинден бр. 82. Субјектите во барањето треба да го наведат бројот на садниците што бараат да им се доделат и точната локација на која што планираат да ги засадат дрвцата. На барањето треба да стои печат од куќниот совет или од  месната/урбана заедница .

На куќните совети и на месните/урбани заедници на кои што ќе им бидат одобрени барањата, во оваа акција ќе им се доделат најмногу 10 (десет) садници.

Барањата за добивање садници до Секторот за комунални работи на Град Скопје може да се доставуваат од 1 до 15 ноември 2013 година, решенија за доделување садници ќе се издаваат од 11 до 22 ноември, а садниците ќе може да ги подигнаат, исто така, од 11 до 22 ноември од ЈП „Паркови и зеленило“ во Градски парк или од расадникот во населба Бутел.

Акцијата на Град Скопје за доделување садници се организира  веќе шест години во две етапи, односно напролет и наесен.

Извор: Град Скопје

Споделете:

Scroll to Top