Search
Close this search box.

Се санираат ударните дупки во Кисела Вода

Акцијата за санирање на ударните дупки и прекопи на територијата на Општина Кисела Вода која започна пред една седмица, веќе на терен ги даде очекуваните позитивни резултати. Откако започна акцијата, комплетно се санирани ударните дупки на повеќе сервисни улици во населбите Цветан Димов, Пржино, Црниче, Драчево, 11-ти Октомври – бараки и Припор, за што се потрошени околу 115 тони асфалт, со кои се пополнети ударни дупки на површина од околу 926 квадратни метри.

На оваа акција и претходеа активности за детектирање на сите ударни дупки на сервисните улици кои се во  надлежност на општината, а беа земени во предвид и пријавите на граѓаните кои ја искористија апликацијата “Види пријави, поправи”.

Акцијата продолжува со санација на дупките паралелно во сите 14 месни и урбани заедници, за што на барање на општината, фирмата изведувач формираше оперативни групи кои дејствуваат во четири реони низ општината. За овие градежни активности од општинскиот буџет се одвоени 2 милиони денари.

По завршувањето на оваа акција ќе следат градежни активности за нивелирање на пропаднатите шахти на целата територија на општината.

Споделете:

Scroll to Top